Според статистичките податоци на пензискиот фонд, постојат разлики меѓу пензионери од различни категории (вработени, самовработени, земјоделци). А пензијата зависи од стажот, висината на придонесите кои се плаќаат… Просечниот стаж на новите корисници на старосна пензија за сите категории во времето кога имаат право на пензија е 32 години за мажи и 29 за жени.

Овој стаж е најдолг кај старосните пензионери од категоријата вработени – 33 за мажи и 30 за жени. Податоците од Фондот на ПИО покажуваат дека просечниот стаж на сите корисници на старосна пензија, мажи, во периодот од 2015 до 2017 година бил највисок и изнесувал 35 години, а од 2018 до 2021 година, за што има и последен податок, имаше 34 години.

Кога станува збор за жените, просечниот стаж претходно бил 28, а од 2016 година до денес е 29 години. Земјоделските пензионери имаат најкраток стаж, 21 година за мажи и 18 години за жени.

Просечната возраст на сите категории пензионери и за мажи и за жени е 72 години. Истовремено, просечниот број на години на користење на старосна пензија е 17 години за мажи и 20 за жени, објави Политика рс.