Во Србија почна со работа „Кибер стража“, национална платформа наменета за пријавување и спречување различни форми на високотехнолошки криминал, зајакнување на дигиталната безбедност и заштита на граѓаните и економијата во дигиталниот простор.

Платформата е достапна на https://sajberstraza.gov.rs, и таа е дизајнирана како единствено место каде што граѓаните и правните лица можат да пријавуваат кривични дела во дигиталната средина, но и да добиваат информации и предупредувања за безбедносни ризици.

Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека целта на платформата не е само пријавување на инциденти, туку и нивно спречување, побрзо откривање на закани и поефикасен одговор на надлежните институции. Според него, преку платформата ќе биде можно да се пријавуваат интернет измами, злоупотреба на сметки, компромитирање дигитални системи, злонамерни врски и содржини, кражба и злоупотреба на лични податоци, дигитално насилство, уцена и други инциденти во дигиталниот простор.

Тој оцени дека високотехнолошкиот криминал повеќе не е изолиран феномен, туку форма на криминал што ги засега граѓаните, економијата и институциите, и дека интернетот е простор во кој дејствуваат организирани криминални групи и измамници