Ohrid Blue Economy Summit е фокусиран на сината економија и е прв од ваков вид во регионот кој ќе се осврне на важноста на слатководните корита, фокусирајќи се на специфичните предизвици за одржливост во туризмот, земјоделството, производството и општинските сектори.

Имаме потврдено повеќе од 100 учесници и спикери од централната и општинската власт, експерти, меѓународни развојни институции и банки, кластер организации специфични за секторот и компании кои промовираат иновации во сини и зелени технологии.

Самитот ќе започне во среда, на 2-ри ноември 2022 година, во 15:00 часот на со обраќање на Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков.