Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во третиот квартал на 2020 година, изнесуваат 134.095 милиони денари и се повисоки за 3.513 милиони денари на квартална основа, објави Народна банка.

Структурно гледано, најголемо учество од 63,3% во средствата на ОФИ имаат пензиските фондови, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 20,2%.

Во останатите финансиски институции се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг.