Управата за финансиско разузнавање идентификувала вкупен број од 6.678 субјекти задолжени да преземаат мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во текот на 2017 година.

Согласно член 30 од Законот задолжените субјекти, имаат обврска да доставуваат извештаи за сомнителни трансакции (STR) до Управата кога се сомневаат или имаат основи за сомневање дека било или е извршено перење пари или финансирање на тероризам или е направен обид или се прави обид за перење пари или за финансирање на тероризам без оглед на износот на трансакцијата, кога имотот е принос од казниво дело или кога имотот е поврзан со финансирање на терористички акт, терористичка организација или терорист или лице кое финансира тероризам.

 

 

Субјектите, во текот на 2017 година доставиле вкупно 232 извештаи за сомнителни транскации до Управата, од кои 229 се доставени со сомнение за перење пари и 3 со сомнение за финансирање на тероризам. Дури 177 од овие извештаи ги доставиле македонските банки.

Управата до надлежните институции има доставено вкупно 35 извештаи, од кои 22 извештаи со сомнение за перење пари и 13 извештаи со сомнение за финансирање на тероризам, 197 известувања, додека 11 предмети се ставени во мирување, ад/акта откако по извршените проверки не се утврдени сомневања за сторено кривично дело.