Vodafone го намалува бројот на вработени за 1.200 во Шпанија. Телекомуникацискиот гигант вели дека е во процес на рационализирање на операциите како одговор на падот на приходите и профитот, признавајќи дека додека побарувачката за услугите се зголемува “експоненцијално”, но цените не го следат тој раст – со половина од претплатничките договори со ниски или средни трошоци. Белгискиот telco Proximus, исто така, објави вчера дека ќе намали 1.900 работни места во текот на следните три години, но рече дека планира да ангажира 1.250 лица специјализирани во дигиталната технологија.