Водафон стана најновата компанија што го напушти проектот за дигитална валута на Фејсбук – Libra.
Компанијата го продолжи својот егзодус од проектот на Фејсбук за создавање на сопствена криптовалута, откако Mastercard, Visa, eBay, Stripe, Mercado Paygo и booking.com излегоа од проектот минатата година.

Водафон изјави дека, и покрај желбата да придонесе за проширување на финансиското вклучување, верува дека нејзините напори ќе бидат подобро послужени со концентрирање на сопствената платформа за плаќање М-Песа.

Шефот на политиката и комуникацијата на Libra, Данте Дисперте, вели: „Иако членството во Здружението ќе се промени со текот на времето, управувањето со Libra и дизајнот на технологијата ќе обезбедат платежниот систем на Libra да остане еластичен“.

Создадена минатиот јуни, Libra го привлече вниманието на регулаторите и политичарите засегнати од нарушувањето на глобалниот финансиски систем од страна на компанија која работи со глобална социјална мрежа.

Првично беше замислено Libra да биде лансирана во првата половина на 2020 година, но предизвиканата загриженост веројатно ќе го продолжи овој датум.

Фејсбук исто така може да се соочи со силна конкуренција од централните банки кои имаат партнерство да спроведат свои истражувања за можностите на дигиталните валути поддржани од централната банка.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк