Брокерските и аналитичките куќи од Вол Стрит се повеќе се ангажирани против акциите на Тесла и даваат препораки на инвеститорите да се обложуваат дека компанијата ќе пропадне и нејзините хартии од вредност ќе ја изгубат цената или позицијата на пазарот.

 

 

Финансискиот инструмент short им овозможува на брокерите и инвеститорите да вложуваат пари во хартии од вредност со кои се предвидува дека цената на акциите на Тесла ќе падне и потоа понудената позиција за ценовниот пад се чува се додека не се реализира предвидената цена на акцијата.

Во последниот месец бројот на short обложувања во акциите на Тесла е значително зголемен и инвеститорите повеќе не се грижат дека се премногу изложени во ваков вид на хартии од вредност, па така „шортовите“ се зголемени за околу 20%.

Главната причина поради која Вол Стрит смета дека short облозите ќе успеат е тоа што се очекува Тесла да не успее да ги исполни ветените количини на произведени модели на електричниот автомобил Модел 3 кој требаше да се најде на пазарот и да обезбеди значителна продажба, а со тоа и профити за компанијата на Илон Маск.