Oil-and-Gas-Well-Drilling-BusinessЦената на суровата нафта во вторникот на меѓународните пазари поскапе во однос на предходниот ден, поради вооружениот конфликт во Либија, растот на  светските берзи и наведувањето за поголема побарувачка поради подобрените макроекономски показатели.

На берзата во Лондон барел нафта се зголеми за 1,34 долари од претходното затворање, на 60,88 долари.

На американскиот пазар барел нафта се тргува за 75 центи повисока цена од 50,34 долари.

Во вторникот, во фокусот беше вооружениот конфликт во Либија, чии нафтени полиња и пристаништа се повеќе се на удар од страна на завојуваните војски, речиси четири години по востанието што го собори Моамер Гадафи. Силите лојални на Исламската држава, исто така своите напади ги таргетираат на нафтените полиња и нафтоводи.

Поддршка за цената на нафтата се и охрабрувачките показатели од Европа и Азија. Така, Европските берзи се се поблиску до највисокото ниво во последните седум години, благодарение на зголемувањето на германската малопродажба во јануари за 2,9 проценти во однос на претходниот месец и за 5,3 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Во меѓувреме,  јапонскиот јен го падна долар индексот за највисоко ниво во последните 11 години, па со тоа стоките чии цени се искажани во америкаски долари малку поевтинија за сопствениците на другите валути, што доведе до зголемување на побарувачката.

Посилната економија треба да ја зголеми побарувачката за нафта, потсетуваат аналитичарите.