Првиот работен ден по воведувањето на еврото во Хрватска, има низа поскапувања, јавуваат хрватските медиуми.

Затоа премиерот Андреј Пленковиќ свика средба со надлежните министри и инспекциските органи.

Тој во порака на Твитер наведува дека свикал состанок со надлежните министри и претставници на Даночната управа, Царинската управа и Државниот инспекторат во врска со понатамошните активности за заштита на потрошувачите од неоправдано поскапување.

„Воведувањето на еврото не е причина за зголемување на цените на стоките и услугите“, напиша Пленковиќ.