Вработени на топилницата за никел и други обоени метали Еуроникел Индустрис (поранешен ФЕНИ) четири дена по ред протестираат со еден час прекин на работата пред капијата на кавадаречкиот индустриски капацитет, објави ТВ24.

Од понеделник најавуваат радикалзација на протестите доколку не се сретнат со раководството и не постигнат договор. Бараат повисоки плати и поголеми бонуси за надфрлена норма. Исто така бараат и да им се доисплати регресот од минатата година и овогодинешниот да им биде најмалку 500 евра.

Велат дека некогаш земале највисоки плати во земјата и дека треба да бидат подостоинствено платени. Миле Ѓорѓиев, водачот на синдикалната организација, вели дека иако четири дена се протестира, и натаму нема нема никаков контакт со раководството.

Бахамска компанија го купи Еуроникел пред 4 години и го извлече од стечај. Минатиот месец Герасим Кујунџиев, долгогодишниот генерален директор, си поднесе оставка.

Еуроникел е една од компаниите со најголеми приходи во минатата година. Во 2022 направен е обрт од 186 милиони евра. Годината била завршена со 828 вработени.