Вчера беа извлечени среќните добитници од наградната игра „Вреди да се штеди“’ на Стопанска банка а.д. Битола.

Со право на учество во наградната игра „Вреди да се штеди“’ се стекнаа сите постоечки и нови клиенти на Стопанска банка а.д. Битола кои во период од 16.10.2020 година до 31.01.2021 година направија ново орочување на средства во Стопанска банка а.д. Битола, со минимален влог во противвредност од 1.000 евра, а максимален влог во противвредност од 30.000 евра во денари или девизи на минимум 12 месеци. Можеби ќе ве интересира

Ова се среќните добитници на наградите: Зоран Вељаноски од Охрид доби автомобил Citroen C1, Виктор Трајкоски од Прилеп и Марина Панова од Скопје добија Мac Book Air 13’’, а Iphone 11 добија Зоран Маринковиќ и Ирена Динова од Скопје, како и Љубен Томски од Битола.

Контрола за регуларноста нa извлекувањето беше спроведена од комисијата составена од овластен нотар, претставник од Стопанска банка а.д. Битола и претставник од маркетинг агенцијата.

Банката им честита на среќните добитници за добиените награди и им благодари на сите учесници за довербата.