dollarsВредноста на доларот ослабе во средата на меѓународните девизните пазари по изјавата на гувернерот на Банката на федерални резерви ФЕД, кој сигнализираше дека нема да се брза со циклусот на зголемување на каматните стапки во САД. Долар индексот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на другите шест водечки светски валути во вчерашното тргување падна за 0,2 проценти на 94,292 поени.

Американската валута ослабе речиси во однос на сите поголеми светски валути, а сличен процент на загуба имаше и во однос на јапонскиот јен и падна на 118,73 јени.

Во исто време еврото во однос на доларот се зголеми за 0,3 проценти на 1,1375 $, а сличен процент на добивка во однос на доларот имаше и британската фунта, која се тргува за 1,5502 $.

Слабеењето на доларот се смета дека е на краток рок, сепак со оглед дека ФЕД останува подготвена да ги зголеми каматните стапки во втората половина на годината, можеби во септември, а не во јули како што некои од водечките банки предвидуваа.

“Најновата оценка на гувернерот на ФЕД се толкува повеќе или помалку како сигнал за лабава монетарна политика”, изјави Daisuke Karakama, економист на Mizuho банка од Токио.