На светските пазари, вредноста на доларот во однос на другите валути по значителни осцилации падна минатата недела, бидејќи на пазарот доминираше верувањето дека Американската централна банка нема да го промени правецот на монетарната политика наскоро.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на САД кон другите шест најважни светски валути, ослабе за 0,35 проценти минатата недела, на 89,99 поени, а во еден момент падна на најниско ниво во последните четири месеци.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна за 0,4 проценти, на 108,95 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската валута, за 0,3 проценти, така што цената на еврото достигна 1,2182 $.