Продолжува да се намалува вредноста на доларот. Оваа валута потона под двомесечното најниско ниво во однос на другите валути. 

Падот се случува поради разочарувачкиот извештај за вработување во САД ги натера инвеститорите да ги намалат очекувањата за каматните стапки. Тие неделава го насочија фокусот кон објавените податоци за инфлацијата. САД во април отворија нови 266.000 работни места, а стапката на невработеност се зголеми неочекувано, што беше „ладен туш“ за шпекулации за забрзаниот пораст на инфлацијата.  Еврото скокна за 0,1 процент на 1,2172  долари.

Спрема јапонската валута, доларот зајакна на 108.865 јени, но сепак е близу до минимумот забележан на 27 април. Британската фунта скокна на дури 1,4058 долари.