Американски и Кинески високи претставници денеска водат втор ден преговори во обид да избегнат „трговска војна“, три недели пред најавеното стапување на сила на американските увозни царини на алуминиум и челик.

Разговорите се многу добри, изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин пред почетокот на вториот и засега, последен ден од преговорите со потпретседателот на Кина, Лиу Хе.

 

Пекинг и Вашингтон засега многу оскудно информираат за што се преговара.

Во американската делегација се и министерот за трговија Вилбур Рос, троговскиот претставник Роберт Лајтхајзер и главниот економски советник во Белата куќа, Лари Кадлов.

Влоговите се високи, нивната посета е во момент кога Кина е под закана што може да се оствари од 22 мај со нова тарифа од 50 милијарди долари за производи извезени во САД. Кина е подготвена со одгоvори за царини од 50 милијарди долари на производи од САД.