👉Националната платформа за женско претприемништво ,на 17 и 18 ноември во Ragusa360 – Rooftop, во Скопје, го најавува Вториот Самит за женско претприемништво со наслов „Инспиративна иднина“ .

💡Самитот ќе го отворат претседателката на Националната платформа за женско претприемништво и претседателка на Здружението на бизнис жени, Валентина Дисоска, претседателката на Фoндацијата за Менаџмент и индустриско истражување МИР-Габриела Костовска Богоеска и Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија. На отварањето се очекува да присуствуваат претставници на државните институции кои го подржуваат развојот на женското претприемништво.
🎙На Вториот Самит , кој ќе почне на 17 -ти ноември во 9 и 30 часот, ќе се зборува за Локалните достигнувања во креирање на политики за развој на женско претприемништво“, потоа на вториот Панелл ќе се дискутира за „ Меѓународни искуства и успешни приказни за подршка на женското претприемништво“со гости од надвор, а третиот Панел ќе биде наменет за дискусија на тема “Добри практики за нтернационализација на бизнисите водени од жени “
✍Вториот ден на 18, Тимот на НПЖП, Елена Блажевска, Емилија Андонова и Мими Шушлеска Петкова , ќе се осврне на направеното и тоа што треба да се направи, со изнесување на препораките на Тематската група и давање осврт на она што е реалност. Ќе биде презентиран документот за политики “Жени претприемачи во дигиталниот свет, како да се премости родовиот јаз , кој го изработи проф. др. Ристе Темјановски,
Сите заинтересирани можат да се пријават за присуство на следниот линк: 👇
https://docs.google.com/…/1FAIpQLSe8…/viewform…

Агендата може д аја видите на следниот линк https://weplatform.mk/…/%D0%94%D1%80%D0%B0%D1%84%D1%82…