Во изминатиот период во време на криза, ХАЛКБАНК АД Скопје на дело се покажа како банка за која навистина важни се луѓето, демонстрирајќи го истото преку поддршката на населението видно од направените пласмани во сегментот население со најповолни услови на пазарот.
Имајќи ги во предвид продолжените ефекти од Ковид-кризатa, водејќи се од своето основно начело “ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО”, ХАЛКБАНК АД Скопје до сите коишто имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради Ковид-кризата, нуди втор период за одложена отплата на обврските по основ на кредитни изложености на население.
Вториот период на одложување се однесува на одложување за дополнителни 6 месеци. Истото ги опфаќа сите клиенти на Банката физички лица кои на 29.02.2020 година имале кредитна изложеност во банката, биле класифицирани во „А“, „Б“ или „В“ категорија на ризик и немале статус на нефункционална кредитна изложеност. Исто така, одложувањето се однесува и на кредитните изложености одобрени од страна на банката во периодот 01.03.2020 до 24.03.2020.
Вториот период на одложување се однесува на клиентите-физички лица кои се погодени од Ковид-кризата имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради Ковид-кризата. За таа цел клиентите – физички лица треба да исполнат барем еден од следните критериуми:
- Намалени месечни приходи на кредитокорисникот и/или ко-кредитокорисникот од најмалку 10% споредено со приходите пред почеток на Ковид-пандемијата.
- Престанок на работен однос на кредитокорисникот и/или ко-кредитобарателот и/или брачен другар, во периодот почнувајќи од март 2020;
- Трошоци за лекување на Ковид- 19 на на кредитокорисникот и/или ко-кредитобарателот и/или брачен другар.
Банката, врз основа на расположливите информации во својата евиденција, ќе ги контактира клиентите кои исполнуваат најмалку еден од критериумите по електронски пат, со доставување на понуда за промена на договорни услови за кредитни изложености на физички лица. За клиентите за кои банката не располага со валидна е-маил адреса, ќе бидат известени со СМС порака. Сите контактирани клиенти треба да се изјаснат за понудата со доставување на одговор на следниот маил на банката: [email protected].
Контактираните клиенти треба да се изјаснат дали ја прифаќаат понудата во рок од 10 дена од објавата на понудата на веб страната на банката. Прифаќањето на понудата треба да содржи име и презиме на клиентот, дата на раѓање и изрична изјава од клиентот дека ја прифаќа понудата на Банката. Доколку во наведениот рок не се изјаснат за понудата, ќе се смета дека ја одбиваат понудата и ќе продолжат со редовна отплата на обврските по основ на кредитните изложености.
Понудата се однесува на одложување на отплатата на сите кредитни обврски (кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања на трансакциска сметка) за период од 6 месеци и продолжување на рокот на крајното достасување за ануитетските кредитни изложености за дополнителни 6 месеци.
Прифаќањето на понудата ќе значи одложување на кредитните обврски по основ на сите кредитни производи кои клиентот ги користи во банката.
Трајните налози за подмирување на кредитните обврски ќе се деактивираат и нема да прават резервација на средства на трансакциска сметка, за клиентите кои што ќе ја информираат Банката дека ја прифаќаат оваа понуда. За одлагањето на отплатата, односно за прифаќањето на оваа понуда од Халкбанк, клиентот треба да го извести и својот работодавач како истиот не би постапувал по административни забрани.
Клиентите-физички лица кои нема да бидат контактирани од страна на банката, а сметаат дека исполнуваат најмалку еден од горенаведените критериуми, можат да се обратат на банката со барање за одложена отплата на месечните обврски (на формулар објавен на web страната на банката) по електронски пат преку [email protected] или со посета во својата матична филијала (во филијалата каде се води кредитната изложеност), во рок од 10 дена од објавата на понудата на веб страната на банката, со приложување на документација за исполнување на наведените критериуми. Овие барања ќе се разгледуваат на поединечна основа.
Документација потребна за утврдување на исполнување на критериумите:
1. Извод од трансакциска сметка за периодот од почеток на 2020 до последна дата (доколку клиентот не ја прима платата во Халкбанк),
2. Доказ за престанок на работен однос (М1/М2 Образец),
3. Медицинска документација за трошоци за лекување на ковид-19 (01.03.-31.08.2020 година)
Банката може да побара и друга документација потребна за утврдување на исполнување на критериумите за одложување.
Одложувања на кредините обврски по истекот на Уредбата (20.09.2020 година) ќе се спроведуваат со потпишување на анекси кон договорите за кредитни изложености и анекси на договорите за воспоставување на обезбедување на тие кредитни изложености.
Одложувања ќе се вршат најдоцна до 30.09.2020 година.
Клиентите кои ќе ја прифатат понудата, односно ќе побараат одложување на обврските по основ на кредитни изложености, може да побараат да продолжат со редовна отплата на обврските и пред истекот на 6-те месеци, за што треба да достават барање до матичната филијала.