Претседателот на Србија Александар Вучиќ дееска изјави дека ќе има големи крахови во регионот и Европа поради цената на струјата и гасот.

Тој вели дека гасот денес е 1.250 долари за 1.000 кубни метри на берза, што е за 4,5 до пет пати повеќе од цената што ја плаќа Србија денес.

„Треба да имате на ум дека имаме количини кои се ограничени со договори од порано. Денеска имаме 6,5 милиони кубни метри дневно кои ги добиваме за 270 долари и што да правиме кога е постудено, кога потребите ќе ни бидат 10 милиони Што да правиме со дополнителни четири милиони, колку би не чинело тоа“, нагласи Вучиќ и додаде дека Србија е во многу подобра ситуација од другите во регионот.

Вучиќ рече дека вчера продале мала количина струја на земја од регионот која платила 499 евра за мегават час, додека Србија ја чинела 52 евра.

-Продадовме мала колчина по цена десетоструко поголема од набавната, луѓето мора да имаат струја, мора да купат од некаде, рече Вучиќ.

Тој посочи дека Црна Гора, Албанија и Северна Македонија секојдневно купуваат струја по цена од 350 до 400 евра за мегават.

-Дневно по вакви цени купуваат од 50 до 60 отсто од потребите, додаде Вучиќ и истакна дека во Европа недостигаат 70 милијарди кубни метри гас, бидејќи Кина купува се – јаглен, течен гас, секоја количина во светот.