Според агенциски информации, во Volkswagen повторно го одложиле донесувањето на одлуката за изградба на новите производни погони во Турија…

„ Сеуште имаме време и тоа со сигурност можеме да го спроведеме до средината на тековната 2020 година “, рекол неименуван извор, близок до водечките структури во Компанијата на агенцијата Reuters.

Изворот запознаен со одлуката во Volkswagen вели дека Надзорниот одбор нема обврска да донесе одлука до крај на овој месец (февруари).

Имено, уште во декември минатата 2019 година, пренесоа медиумите воГерманија, од Volkswagen соопштиле дека одлуката за новата фабрика наVolkswagen, односно каде таа ќе се гради, ќе биде донесена до крајот на февруари годинава.

Потсетуваме Volkswwagen, поради воената офанзива на Турција на територијата на Сирија, минатата есен, ја стави на мраз одлуката за инвестицијата „тешка“ околу 1,4 милијарди евра во Турција.

Плановите беа во Манас, во близина на Измир, да се изгради фабрика со годишен капацитет на производство од 300.000 автомобили,во вредност над милијарда евра во која ќе работат 4.000 лица.

Предвидено бешеизградбата да стартува кон рајот на тековната 2020 година, а стартот на производството на автомобили за 2022 година.

И покрај одложувањето на одлуката во концернот истакнуваат дека не бараат алтернативна дестинација.

Инаку,покрај Турција и соседните Србија и Бугарија и Романија се обидоа да ја привлечат оваа голема инвестиција во нивните земји, но сепак во Volkswagen, барем засега, се одлучиле за Турција.