„Визер“, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и најзелена авиокомпанија во Европа, објави 20 проценти попуст за сите билети на сите дестинации. Промоцијата важи за сите патници (до 23:59) за сите рути и за кој било датум. Билетите можат да се резервираат на wizzair.com или на мобилната апликација на WIZZ.

„Визер“ им препорачува на своите патници при нивната резервација да ја додадат услугата WIZZ Flex за дополнителна заштита. Со оваа услуга, патниците можат да го откажат летот до 3 часа пред полетување без дополнителни плаќања, а 100% од целата сума ќе им биде вратена во кредити, а можат и да ги менуваат датумот и дестинацијата во неограничен број.

Авиокомпанијата неодамна објави низа засилени мерки за хигиена, за да се обезбеди здравје и безбедност на своите патници и членови на екипажот. Како дел од овие нови протоколи, за време на летот и патниците и екипажот треба да носат маски на лицето, а екипажот треба да носи и ракавици. Авионите на „Визер“ редовно се поминуваат со специјален антивирусен раствор, а следејќи го дневниот распоред на Wizz за чистење, сите авиони на авиокомпанијата дополнително се дезинфицираат и преку ноќ со истиот антивирусен раствор. Секој патник при влегување во авионот ќе добие санитарни марамчиња, магазините од авионот се отстранети, а сите продажби за време на летот е препорачано да се вршат со бесконтактно плаќање. Патниците треба да ги следат мерките за физичко дистанцирање претставени од локалните здравствени власти и се охрабруваат да ги купуваат сите услуги пред летот преку интернет (на пр. Чекиран багаж, Wizz priority, брза безбедносна патека), за да го минимизираат можниот физички контакт на аеродромот.