Со зголеменото производство на електрична енергија, наредниот период можно е да има намалување на електричната енергија, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната панел-дискусијата што се одржува во рамки на годишната конференција „Година на нови можности“.

На панел-дискусијата на тема „Северна Македонија како зелен енергетски хаб-како да се претвори кризата во можност“, Ковачевски истакна дека преку стратегијата на Владата и ангажираните експерти во енергетскиот сектор се зголемило производството на електрична енергија, што резултирало со намалување на цената на струјата.

Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20 проценти во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 мегават/час електрична енергија што е најголемо производство во еден ден во изминатите десет години. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на коишто нема да има зголемување на цената на електричната енергија, додаде премиерот.

И покрај очекувањата дека ќе има зголемување на цената на струјата, Ковачевски вели дека со сто-процентно покривање на потребите за електрична енергија за домаќинствата сметките за малите потрошувачи се намалија за 20 отсто.

Со зголемување на производството на државните електрани имаме намалување на цената на електричната енергија во првите два блока, а таму е најголемиот број од домаќинствата кои трошат електрична енергија. Многу благо покачување во третиот блок и поголемо покачување во четвртиот блок. Четвртиот блок се практично наши граѓани кои трошат поголеми количини на електрична енергија кои загреваат поголеми површини, загреваат и базени во текот на зима, но тоа за нив не претставува проблем и добро е што тоа можат да го прават, но плаќаат нормално поскапа електрична енергија. Дополнително што е најважно, за малите компании цената на електрична енергија се намали за 20 проценти, тоа се компании кои вработуваат 98 отсто од вработените во државата, заклучи Ковачевски.