Продадената топланата Скопје Север. По принципот се или ништо, на лицитацијата инвестоторот за скоро 100% од топланата платил 350 илјади евра. Кој е купувачот, ќе се знае наредните денови, откако ќе се уплатат парите, информираат од берза. По барање на Комерцијална банка, како најголем доверител, ова беше трет обид за продажба на топланата. Првиот пат за неа се бараа милион евра, 2риот пат 600 илјади и сега на третиот, сумата е речиси тројно пониска од првичната.Оваа топлана со парно греење снабдува околу 500 домаќинства и од поодамна е во стечај. Според финансиксите извештаи, 2022 та ја заврши со загуба од 321 илјади евра.

Сопственик на Топланата е Топлификација во стечај, па се очекува дека парите кои ќе влезат од продажбата ќе се распределат по доверители.

Исто така денеска македонската берза извести дека во среда и четврток по барање на Комерцијална банка  ќе се продаваат  и 10% од главнината на Те То, со почетна продажна цена од 648 илјади евра по акција, однсно за  25 те акции инвестотор ќе треба да плати 16,2  милиони евра.

Следниот ден, на продажба ќе се понудат уште 2 обични акции за истата цена, или за нив инвеститорот ќе треба да плати 1,3 милиони евра. Акциите ќе се продаваат по моделот се или ништо, така што цела понудена количина на акции се продават во пакет, преку една трансакција.