Хонорарците – без разлика дали се програмери, дизајнери, професори по странски јазици, како и други кои заработуваат по авторско дело или „сродни права“ – од следната година ќе имаат можност да плаќаат данок на приход според два модели, предвидува новиот закон.

Кој ќе го изберат, зависи од нив. Оваа регулатива е во форма на нацрт, ја објави Министерството за финансии, а можните приговори може да се достават до 14 ноември.

Хонорарците не „добија“ посебен закон со кој ќе се дефинира како ќе и плаќаат данок на државата од приходите остварени најчесто – преку интернет. Оданочувањето на хонорарците – иако такво име никаде не се споменува во нацрт-законот – преку измени ќе влезе во постоечкиот Закон за данок на доход на граѓаните.

Како што се посочува, првото усогласување на стандардизираните трошоци во износ од 57.900 динари и 96.000 динари со годишниот индекс на потрошувачки цени ќе се изврши почнувајќи од 2024 година. Законот се применува од 1 јануари 2023 година, објави Н1.