Пандемијата ги натерала граѓаните повеќе да се грижат за здравственото осигурување. За петпати е зголемен бројот на лица кои лани купиле полиса во однос на 2019г.Според податоците на Агенцијата за супервизија на осигурување, за овој вид полиси во 2020 граѓаните вложиле 4,45 милиони евра што е за 45 отсто повеќе од 2019 г.

Освен пандемијата голем удел во купувањето здравствени полиси имале и компаниите кои стекнале доверба кај населението. Лани компаниите за неживотно осигурување им исплатиле на осигурениците штети во бруто износ од 1,72 милиони евра. Во споредба со 2019 се зголемил за 44 отсто. Од агенциајта за супервизија апелираат до граѓаните да внимаваат на ризиците кои се опфатени со осигурувањето и дали се покриени ризици предизвикани од пандемии или епидемии.