За да се наполни резервоар од 50 литри со гориво на просечен работник во Македонија му е потребно да работи 19,5 часа или речиси 2,5 работни дена, а на Германците само 5,5 часа, пишува „Вечерњи лист БиХ“.

Споредувајќи ги просечните плати и цените на бензинот во републиките на поранешна Југославија, весникот додава дека најблиску до Македонија во овој поглед се Србија и Црна Гора. На Србите за полн резервоар им се неопходни 20 часа работа, а на Црногорците 19.

Во најдобра положба се Словенците, на кои за да наполнат резервоар на својот автомобил им се потребни 7,5 часа работа.

На Хрватите, пак, за тоа им требаат 12 часа, а на возачите во Босна и Херцеговина 17.