Оваа активност е соработка на Здружение на пензионери во Тетово и Општинската организација на Црвен крст Тетово.

-Активноста се организира по повод Неделата за борба протв рак од 1 до 8 март. Прегледите ќе се вршат во просториите на Здружението на пензионери во Тетово, вторник 14 март, четвртпк 16 март и сабота 18 март, од 9 до 14 часот. Право на преглед имаат сите лица без разлика дали имаат или немаат здравствено или пензиско осигурување, информираше Шкљќим Мурати, секретар во Црвен крст Тетово.

Прегледите ќе ги врши д-р Павле Спасеновски.