Состојбата на домашниот пазар на труд никогаш не била попредизвикувачкa. Потребно е многу труд, време и средства за да се привлечат и задржат квалитетни кандидати, па затоа имаме решение за сите компании кои сакаат да направат чекор поблиску до таа цел.

Силната група на регионални сајтови за вработување Вработување (Македонија), Poslovi Infostud (Србија), MojPosao (Хрватска), MojPosao.ba (БиХ) и Deloglasnik (Словенија) ве поканува да бидете дел од Најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе се одржи во периодот од 17 до 21 октомври.

Какви можности нуди Регионалниот саем за вработување за вашата компанија?

· пристап до потенцијални кандидати во Македонија и регионот

· едноставна и брза комуникација со кандидатите преку чет и видеоповици

· истакнување на предностите на вашата компанија како работодавач

· ПР-кампања и видливост на вашата компанија – досег до над 7.200.000 потенцијални кандидати преку штанд на Саемот

· огласи на водечки портали и маркетинг-кампањи во Македонија и регионот

· креирање на база на податоци за потенцијални кандидати за идни потреби

Што да очекувате од Регионалниот саем за вработување?

Како што најавивме, 5 дена од Саем на кој целосно на располагање ќе им бидеме и на работодавачите и на кандидатите, за да го покажат својот целосен потенцијал.

Квалитетот на настанот, меѓу другото, се потврдува и преку неговата посета. Регионалниот онлајн саем за вработување кој се одржа во октомври минатата година бележи 100.000 посетители во Македонија, а повеќе од половина милион посети на регионално ниво.

На компаниите им даваме можност да го изградат и зајакнат својот имиџ и препознатливост во дури 5 земји од регионот, а сето тоа пренесено преку широката мрежа на социјални медиуми потврдуваме резултатите се загарантирани – велат од Vrabotuvanje.com.

И сето тоа е оправдано со бројки

Се радуваме што можеме да ви ги претставиме ваквите значајни резултати. На минатогодишниот саем остваривме 600.000 посети, речиси 5 милиони прегледани страници, над 1.100 објавени огласи и речиси 50.000 апликации, на регионално ниво.

Сите работодавачи кои ќе резервираат штанд до 31 август ќе имаат можност да остварат попуст од 10% за рана пријава. Тука се и дополнителните попусти доколку одлучите да бидете регионален изложувач и да имате штанд во неколку земји, така што можете да добиете 10% попуст за штанд во две земји, 15% во три земји, 20% во четири земји и дури 25% попуст за штандови во сите пет земји.

Пријавете се на Регионалниот саем за вработување до 31 август и зграпчете го летниот попуст од 10%!

За дополнителни информации и резервација на штанд кликнете ТУКА.