Вкупно 307,5 милиони денари изнесува поддршката за тутунарите проектирана со петтиот владин антикризен пакет.

Како што соопшти денеска премиерот Зоран Заев, образложувајќи ги поединечно сите мерки од пакетот, тутунарите се погодени од пандемијата, а министерот за земјоделство, заменикот и нивните тимови нашле начин да им помогнат.

– Оваа мерка е за да ги спречиме последиците од ограничувањата во превозот и трговијата, како и од падот на потрошувачката на тутунски преработки на светско ниво, рече Заев.

Премиерот додаде дека поддршката пред тутунарите детално ќе ја соопшти министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.

Хоџа вчера се сретна со производителите на тутун и со откупувачите. Договорија рокот за откупот на тутунот да се пролонгира до 31 март, наместо да заврши овој месец. Во однос на поддршката од петтиот пакет, Хоџа информира дека начинот на кој ќе се распределува дополнително ќе биде договорен.

Тутунарите, пак, се пожалија дека со оваа помош ќе добијат по максимум 10 – 12 денари за килограм што, според нив, е понижувачки. Апелираа до Владата поддршката од петтиот пакет да биде КОВИД-мерка, а надоместот за разликата меѓу актуелната откупна цена од 165 денари и онаа што најавуваше Хоџа, не пониска од 180 денари, да се обезбеди дополнително, како плус средства. Пари, рекоа тутунарите, има, потребна е само добра волја