Статистичките податоци покажуваат забавување на кинеската економија во првите два месеци од 2018 година, а дополнително забавување се очекува како резултат на трговската војна со САД.

Според новите проценки, кинеската економија годинава ќе расте со темпо од 6,5 проценти, што е пад во споредба со 2017 година, кога порасна за 6,9 проценти. Особено е погоден кинескиот извоз, кој ослабнал во март во споредба со февруари. Покрај американската закана со царини, и силниот јуан исто така влијаеше врз намалување на извозот.

Растот на индустриското производство изнесува 6,2 проценти во март, што е намалување во споредба со претходните месеци, а единствено домашната потрошувачка продолжува да расте со солидно темпо – со раст на малопродажбата од 9,9 проценти.