Кога компаниите што штедат и заработуваат пари со помош на циркуларната економија, што се случува со банкнотите кога излегуваат од употреба? По рециклирањето, некои централни банки ги користат како гориво за греење, други за производство на градежни материјали, а други за производство на земјоделски ѓубрива. „Следниот пат кога ќе јадете морков или компир, да купите од локален производител, имајте на ум дека тие пораснале буквално благодарение на фрлените милијарди фунти“, стои на официјалната веб-страница на Банката на Англија.

Секоја година, банкнотите и монетите кои се премногу истрошени, скинати или на друг начин се оштетени и не можат да се користат повеќе, се прибираат во централните банки ширум светот. Овие излитени и неупотребливи хартиени пари до пред некое време најчесто ги гореа централните банки, понекогаш во сопствените котли, со цел да заштедат гориво.

На пример, кога Естонија се префрли на еврото во 2011 година, одлучи да ја искористи поранешната национална валута, естонската круна, за греење. Банкнотите најпрво беа исечени на парчиња, а потоа притиснати за да можат да послужат како цврсто гориво во фабриката за когенерација Ира, која снабдува греење во неколку населби во естонскиот главен град Талин. Централната банка, од друга страна, ги стопи металните парички, и ги искористи за производство на нови евро-монети.

Греење „на пари“, наместо јаглен

Кина претежно рециклираше стари банкноти, кои потоа се користеа за производство на производи од хартија. Но, во последните неколку години, Националната банка на Кина дозволи согорување на банкноти за производство на електрична енергија.

Така, по објавувањето на новата банкнота од сто јуани, изгоре една милијарда јуани стари банкноти во Јандунг, провинцијата Џиангсу. Компанијата „Јанченг биомаса“ во споменатиот град гори и рециклира оштетени и стари банкноти, а за една година изгоре околу 2.000 тони неупотребливи пари.

Товар со банкноти може да обезбеди електрична енергија на семејство за 25 години. Со палење толку многу банкноти, се добиваат околу 30.000 киловат-часови, рече инженерот во оваа компанија, додавајќи дека пепелта што останала по согорувањето се користи за производство на цигли.

Во градот Лујанг, во централната провинција Хенан, донесена е и одлука да се користат стари банкноти како гориво наместо јаглен. Официјални лица во фабриката каде што се палат банкнотите велат дека од еден тон банкноти може да се добие 600 киловат-часови електрична енергија и дека овој метод е еколошки подобар од употребата на јаглен. Старите пари од провинцијата Хенан можат да се искористат за производство на 1,32 милиони киловат-часови електрична енергија годишно, што е исто како да се горат 4.000 тони јаглен.

Ѓубрење на растенијата со пари

Некои развиени земји сè повеќе воведуваат нови, попријатни еколошки практики за повторна употреба на дотрајаните пари, поради што централните банки склучуваат договори со компании за обработка. На пример, тие испраќаат рендани банкноти до компаниите кои се занимаваат со производство на вештачки ѓубрива. Бидејќи банкнотите се направени од специјална ткаенина, добиени од растителни влакна, тие можат да се користат за да се добие одлично ѓубриво.

На пример, во Велика Британија годишно се уништуваат 830 милиони банкноти, вредни над 11 милијарди фунти! Банкнотите биле горени до 1990 година и Банката на Англија ги користела како огревно дрво. Но, поради негативните последици врз животната средина, донесена е одлука за промена на таквата практика, а централната банка започна да размислува за понапредни решенија, како што е претворање на стари пари во биомаса.

Од 2000 година, парите исклучени од оптек се користат за добивање компост, кој се користи за подобрување на квалитетот на земјоделското земјиште. „Следниот пат кога ќе јадете морков или компир што ќе го купите од локален производител, имајте на ум дека тие пораснаа буквално благодарение на фрлените милијарди фунти“, стои на официјалната веб-страница на Банката на Англија.

Некои банки имаат уште поинтересни начини за обработка на неупотребливи пари. Тие го испраќаат до компаниите што го компресираат и потоа прават од нив корисни и декоративни производи, како што се саксиите за цвеќе.

Некои земји одлучија да воведат пластични пари со цел да се ослободат од старите, истрошени, избледени и стуткани банкноти. Според австралиската централна банка, нивните банкноти траат до десет пати подолго од оние во Велика Британија, а во исто време не собираат нечистотија.

Градежен материјал од пластични банкноти

Австралија започна да ги „облекува“ своите банкноти во полимер во 1998 година, а три години подоцна стана првата земја што има во оптек пластични банкноти. Нејзиниот пример го следеше Нов Зеланд, кој прв отпечати пластични долари. Во Северна Ирска, пластичната банкнота од пет фунти првпат излезе од оптек во 1999 година, како дел од акциите што требаше да го означат влегувањето во новиот милениум.

Иако полимерните банкноти траат многу подолго од хартиените, тие имаат и ограничен век на траење. Времето во кое тие можат да останат во оптек во голема мера зависи од квалитетот на изработката.

Кога истекуваат, полимерните банкноти исто така можат да се рециклираат. Отпадот од овој процес најчесто се користи за производство на градежни делови, водоводни елементи, за правење контејнери во кои се одделува компост, како и за други производи што се користат во индустријата и домаќинствата.

За да се рециклираат старите полимерни банкноти, тие најпрво се сецкаат на мали парчиња слични на конфети. Ренданите банкноти потоа минуваат низ специјална машина која ги топи и од нив прави пелети. Тие понатаму може да се преработат во суровини за различни индустрии.

Во февруари годинава, непосредно пред избувнувањето на пандемијата, Централната банка на Нигерија исто така објави дека повеќе нема да согорува стари пари, поради еколошки причини. Претставниците на банката рекоа дека ќе усвојат нови процедури за рециклирање на стари банкноти и монети, за да можат да се користат за обработка за правење корисни производи.

Банкнотите што излегоа од оптек во Нигерија се фрлаат во 12 центри наменети за овој вид отпад, а годишно се акумулираат околу 100 тони ѓубре во форма на стари пари.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк