Задругарството повторно да се врати во селата по теркот на другите европски земји, советуваат експертите. Целта е земјоделците да ги намалат трошоците, а заеднички повеќе да продаваат на пазарот. Последниве години кај нас се формирани повеќе од 60 земјоделски задруги, од кои 40-тина се активни…

Од 2013 година кога е донесен законот регистрирани се и работат повеќе 60-сет земјоделски задруги, но сите не ги исполнуваат законските услови за добивање на финансиска поддршка и помош.

Вкупно низ целата држава обработуваат 3.300 хектари и сите заедно имаат стадо од скоро 800 говеда, 600 кози и 5.000 овци.

Задруги има во речиси сите региони од земјава, а се формирани со цел со заедничко работење да го зголемат производството, да ги намалат трошоците и повеќе да продаваат на пазарот. Задругите, најчесто се занимаваат со повеќе земјоделски дејности што е резултат на македонското поднебје, на едно стопанство да се произведуваат различни култури.

Помал дел од нив се специјализирани за една гранка, како на пример овоштарството, лозарството, пчеларството или производството на ориз.

Со новиот модел за финансиска поддршка на задругите им следуваат 3 милиони денари.