Прилив на 500 до 600 илиони евра во јавните каси ќе се овозможи од оттуѓување на државно земјоделско земјиште.  Голем дел од овие средства ќе бидат наменети и за буџетите на општините, вели премиерот Зоран Заев.

– Земјоделското земјиште кое што го оттуѓуваме сакаме огромен процент од него да дојдат како изворни приходи на општините. Токму овие големи приходи од вкупно два милиони хектари во државата, од 200-300 илјади хектари со оттуѓување ќе значат петстотини-шестотини милиони евра пари кои што континуирано низ месеци, низ полугодија, ќе влегуваат во јавните каси, голем процент сакаме да оди токму во општините, рече Заев.

Со исто законско решение се предвидува и трипати поголем данок на имот за неискористен објект, а ова  важи и за државата.