„Успеавме да стигнеме до 28 илјади денари просечна плата. Тоа беше за април месец. Следно, ветивме 36 илјади денари просечна плата. Дајте заедно да сработиме, можеби ќе стигнеме до 800 евра. Јас би сакал да имаме просечна плата од 60 илјади денари до крајот на нашиот мандат, но ни треба многу заедништво“, изјави премиерот Заев.