Денеска на владината седница ќе биде утврдена постапката за обештетување на необештетените земјоделци од невремето во 2018 година, преку иницирање измени и дополнувања на Законот за заштита и спасување, што понатаму ќе оди на усвојување во Парламентот. За мал број необештетени земјоделци од невремето во 2016 година е договорено правни експерти во Владата да ги разгледаат предметите и причините поради коишто досега било невозможно да се реши прашањето, со цел да се утврди дали има правен основ за решавање и на ова прашање.

– Има волја кај Владата да се изнајдат решенија за посочените прашања и има и пари во буџетот за оваа намена. Клучно е да се утврдат можностите за обештетување согласно закон и сега сме на тоа посветени – рече премиерот Зоран Заев по средбата со претставниците на засегнатите земјоделци.