Владата прави напори секогаш да излезе во пресрет на барањата на земјоделци, како што е случајот со оризопроизводителите, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се исполнат барањата на кочанските оризопроизводители, кои најавија протести и блокада на патот Штип-Кочани за во вторник, 23 февруари.

-Запознаен сум со незадоволството на оризопроизводители. Знам дека со министерот за земјоделство, заменикот, државниот секретар, сите работат на решавање  на проблемот. Државата финансиски  е ликвидна и верувам дека навремено ќе се завршат сите постапките, за да може субвенциите навремено се исплатат. Заради тоа што наша тенденција е да ги пуштаме навремено и да им помогнат на граѓаните, тогаш кога им треба и верувам дека овие денови ќе се решат административните проблеми, коишто постојат, за да се исплатат субвенциите, вели Заев.

Порача земјоделците, како и оризопроизводителите да бидат стрпливи, бидејќи поради ковид мерките и здравствените протоколи дел од институциите работат  со преполовен број на вработени, но како што рече, верува дека деновиве ќе се изнајде решение и за овој проблем.