Со средства од буџетот на Општина Тетово ќе се субвенционира работата на општинското претријатие за јавен автобуски превоз „Тетово транспорт“, беше одлучено на денешната осма седница на општинскиот Совет. Од општинската каса ќе се одвојат четири милиони денари.

–Сумата која е потребна за покривање на сите трошоци или долговите поврзани со реализација на јавната сообраќајна дејност на градот изнесува 4.219.936,00 денари, стои во барањето од ЈП „Тетово Транспорт“.

До оваа одлука дојде по барање на претријатието до Советот, со оглед на негативното салдо од четири милиони денари со кое ја заврши 2022 година, образложи претседателот Бесар Дурмиши.

–Поради тоа што во 2022 година ЈП имаше негативно салдо од 4 милиони денари. Колку им фали толку ќе субвенционираме. Знаеме причина зошто функционира со негативно салдо. Еден билет е 20 денари. За да дојде со позитивно салдо треба достигне 100 денари еден билет за граѓаните што е нелогично и невозможно да ја ставиме таа цена. Во февруари ќе направиме предлог програма каде ќе бидат превидени субвенции по еден извозен километар, изјави Дурмиши.

На оваа седница на Советот продолжија дел од процедруите за формирање на две нови претријатија кои ќе преземат дел од дејсностите на комуналнотот претриајтие. Се донесе одлука за формирање на комисија која ќе избере членови на Управен и одбор за контрола на материјално и финансиско работење на новото ЈКП „Шари“ како и предлог за нацрт статут за претријатието