Законите за економските анти-ковид пакети се уште се заглавени во собраниски процедури.Вицепремиерот Битиќи вели дека рацете на Владата се врзани и бара од компаниите да ги исплатат платите на работниците.

Додека законите од економските антиковид пакети се заглавени во Собранието, фирмите и граѓаните нема можност да ја добијат помоштта..

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи тврди дека рацете на владата се врзани и нема начин да се најде друг модалитет со кој би се излегло во пресрет. Вели компаниите да ги исплатат платите на работниците, а државата ќе им ги врати штом поминат законите.

„Ние сме извршна власт и тоа е цена на демократија, Собранието ќе мора да ги донсе законите за може да ги спроведеме, нема друг модалитет да можеме да одговориме. Ние сметавме прв ден кога се донесоа мерки, беше доволно 15 дена, на 15ти фебруари беше испратен закон во Собрание, но…“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Битиќи се надева дека во наредните 10 дена пратениците ќе обезбедат кворум да ги изгласаат законите, а апел до Собранието стигна и од првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески на средбата со владините економски министри, на која пак министерот за финансии Фатмир Бесими кажа дека и покрај кризата државата добро се справува, а буџетот е во добра кондиција, но токму на тоа реплицираше Азески….

„Буџетот е во рамки на проекциите, во однос на финансирање на сите обврски се e согласно планираното. Во фебруари приходите се очекува да бидат подобри од тоа што биле лани, има еден добар тренд на реализација на приходите што значи економската активност полека се враќа.“ истакна Фатмир Бесими, министер за финансии

„Ако се вака стабилни проценките за состојбата финансиска, зашто е потребно да се испраќа сигнал и да се одолжува исплатата на дивидендите ?! Тоа е прашање што треба да се коментира министере.“ праша Бранко Азески, претседател на Стопанска комора

Освен законот за финансиска помош за исплата на плати, во „чекалната“ во Собрание се уште 10 мерки само од 5тиот пакет, а не се поминати ниту низа закони од претходниот пакет