Во значаен момент за индустријата со дигитални средства, Сенатот на САД го изгласа GENIUS Act – двопартиски закон кој воспоставува јасни правила за стабилните коини во САД. Скратено од „Guaranteeing and Enabling Nationally Issued („Гарантирање и овозможување на национално издадени и униформно стандардизирани стабилни монети“), законот има за цел заштита на потрошувачите и финансиска стабилност.

Ова претставува најголемиот напредок досега во американската крипто-регулација, особено во однос на стабилните коини поткрепени со американски долари, кои денес надминуваат 150 милијарди долари во пазарна вредност на глобално ниво.

Зошто е важно сето ова?

Стабилните коини најмногу се користат за тргување, парични трансфери и плаќања во реалниот свет. Но, досега, САД немаа јасна национална рамка за нивна регулација. Законот GENIUS Act воведува стандардизиран пристап, со кој се обезбедува дека само целосно поддржани, транспарентни и добро регулирани стабилни коини ќе можат да оперираат на високо ниво.

Клучните цели на законот се следните:

  • Да се промовира заштита на потрошувачите
  • Да се зајакне стабилноста на финансискиот систем
  • Да се поттикне иновација и конкуренција во дигиталниот простор

Клучни одредби од GENIUS Act 

  • 1:1 резерва: Издавачите мора да држат целосна резерва во готовина или краткорочни државни обврзници
  • Ревизии и транспарентност: Издавачите ќе бидат подложни на редовни ревизии од независни трети страни и ќе бидат обврзани да објавуваат информации за резервите
  • Федерален и државен надзор: Издавачите ќе можат да изберат дали ќе бидат регулирани на федерално ниво од OCC, или на државно ниво под унифицирани национални стандарди
  • Забрана за алгоритамски стабилни коини: Законот ги забранува непоткрепените алгоритамски стабилни коини, фокусирајќи се на модели со целосна колатерална поддршка
  • Јасни дефиниции: Прецизно се дефинира што претставуваат стабилните коини и кој може легално да биде издавач на истите, со што се отстрануваат постојните регулаторни недостатоци.

Реакција од индустријата и глобални импликации

Крипто индустријата го прифати законот GENIUS Act како урамнотежена и визионерска регулатива. Со поставување високи стандарди и истовремена поддршка на иновациите, законот може да отвори пат за поголемо институционално прифаќање и широка употреба на стабилните коини во секојдневната економија.

Покрај тоа, законот испраќа силен сигнал и на глобално ниво. Други земји може да го следат американскиот модел, создавајќи меѓународна усогласеност на политиките за стабилните коини –  клучен чекор кон прекугранична интероперабилност и финансиска иновација.

Што следува?

Со одобрувањето од Сенатот, законот сега преминува во Претставничкиот дом, каде што се водат дополнителни дискусии и можни измени. Доколку биде изгласан и потпишан, тоа ќе претставува првата сеопфатна федерална регулатива за стабилните коини во САД.

За потрошувачите, развивачите и бизнисите во крипто секторот, законот GENIUS Act носи нешто што долго време недостасуваше: јасност. А јаснотијата носи доверба, капитал и нови можности за раст.