Индексите на „Wall Street“  започнаа со зголемување благодарение најмногу на поддршката на технолошките компании и во очекување на извештајот од средбата на Комисијата за монетарна политика на ФЕД, соопшти „CNBC“.

Индексот „Dow Jones“ додава 0,38% на својата вредност до 25.060,20 поени. Акциите на „Intel“ и „Apple“ се зголемија 0,95% и 0,81%, соодветно. „Microsoft“, исто така, се пресели на позитивна територија со зголемување на цената на акциите за 0,30%. Широкиот репер „S & P 500“ се искачи 0,17% на 2.720,87 поени. Технолошкиот „Nasdaq“ забележува раст од 0,51% на 7.271,48 поени.

Додека акциите на „Qualcomm“ паднаа за повеќе од 1,5 отсто, откако „Broadcom“ ја намали понудата за купување на американскиот производител на мобилни чипови.

Приносот по 10-годишните американски државни обврзници продолжува да е блиску до својот четиригодишен врв на ниво од 2,8859%.

„Би можел да претпоставам дека во записникот на ФЕД ќе се признае лизгањето на инфлацијата во нагорна насока, а освен тоа ќе има оптимистички изјава во однос на пазарот на трудот, како и за развојот на економијата“, рече Питер Буквер, главен инвестициски директор во „Bleakley Financial Group“. Тој рече дека централната банка повеќе би го потврдила својот план за каматната стапка три пати во оваа година, отколку да изрази желба за забрзување.

Зголемувањето на профитабилноста на американските државни обврзници и стравувањата од забрзување на инфлацијата предизвикаа загриженост кај инвеститорите дека ФЕД може да ја заостри монетарната политика повеќе од очекуваното.

Во меѓувреме индексот на менаџерите на налозите во САД (PMI) се зголеми до највисокото ниво од повеќе од две години, достигнувајќи 55,9 поени по податоци на „IHS Markit“. Во исто време, сепак, продажбата на постоечките домови во земјата опаѓа втор месец по ред во јануари.

Претседателот на ФЕД за Филаделфија, Патрик Харкер изјави, цитиран од „Ројтерс“ дека очекува економијата на САД да порасне за 2,5% во оваа година, пред растот на БДП-то да се забави до 2% во 2019-та година и под 2% во 2020-та година.