Комплетно модернизирана и дигитализирана експозитурата на Комерцијална банка во трговскиот центар Лептокарија во Скопје повторно ги отвори вратите за своите клиенти. Покрај редовното шалтерско работење, отсега за клиентите 24/7 се достапни и дигитални финансиски услуги.

Дигиталниот дел е опремен со банкомат за подигање готовина и со најнов дигитален киоск за безготовинско плаќање. Дигиталниот киоск е современо решение со кое Банката им овозможува на граѓаните без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка да плаќаат сметки за јавни услуги, како и да испечатат извод од трансакциска сметка на физичко лице за која има претплата на Интернет банка. Влезот во дигиталната зона 24/7 е овозможен со сите банкарски картички.

Шалтерите во експозитурата се отворени од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот, а ги обезбедуваат следниве услуги: отворање трансакциска сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење. На клиентите им се достапни и богатата понуда на кредитни производи и штедни влогови, можноста за купување удели во инвестициски фондови и осигурителни полиси, како и стручни совети и обука за користење на електронска банка и мобилно банкарство за физички и правни лица.

Експозитурата на Комерцијална банка во Лептокарија обезбедува брз и ефикасен начин за извршување на банкарските трансакции, како и совети и информации од нашите вработени за сѐ што е од интерес за личните финансии или бизнис работењето на нашите клиенти.