Започна со работа првиот приватен ветерен парк во Македонија „Богословец“ финансиран и од Комерцијална банка.

Комерцијална банка обезбеди 13,4 милиони eвра за изградба на ветерната централа. Вкупната инвестиција е вредна 61 милион евра и беше финансиски поддржана преку синдициран кредит во вредност од 51 милион евра, обезбеден од Ерсте груп, Комерцијална банка, НЛБ банка, Шпаркасе банка и од Развојната банка на Република Австрија (ОеЕБ).
Зад инвестицијата во ветерниот парк, кој има капацитет од 36 MW и годишно ќе обезбедува електрична енергија за над 20.000 домаќинства, стои компанијата THOR Impex. Ветерниот парк се наоѓа 80 километри југоисточно од Скопје, во близина на селото Богословец и располага со осум ветерни турбини.
Комерцијална банка е горда како значаен финансиер на овој проект затоа што
„Богословец“ треба значително да го подобри капацитетот за обновлива енергија на Македонија во насока на достигнување на националната цел од 50% обновлива енергија до 2030 година. 🙌

Банката во континуитет обезбедува финансиска поддршка за „зелени“ проекти, а и во своето работење имплементира низа практики и процеси кои значат одржлив, развоен и одговорен бизнис.