НБРСМ: Ве известуваме дека објавивме нова информативно-едукативна брошура, којашто содржи низа информации за работењето на нашата институција и за нејзините основни цели и задачи, како и објаснување по што таа се разликува од другите институции – „Запознајте ја Народната банка на Република Северна Македонија“.
Во брошурата се опфатени значителен дел од активностите на Народната банка, при што преку илустриран приказ, едноставен јазик и мноштво интересни факти се обезбедува поголема информираност на јавноста за различни аспекти од нејзиното работење. Следствено, брошурата нуди краток и едноставен приказ на работењето на Народната банка, ставајќи акцент на сите постојни можности за отвореност на институцијата и информирање на населението.
Оваа публикација е наменета за пошироката јавност и во електронски формат е достапна на следнава врска: http://nbrm.mk/content/Zapoznajte_ja_Narodnata_banka_na_RSM_2019.pdf
Објавувањето на брошурата „Запознајте ја Народната банка на Република Северна Македонија“ е дел од нашите најнови активности во сферата на финансиската едукација и од активностите за унапредување на транспарентноста во нашето работење.