Ситуацијата во Украина силно ги погоди џебовите на потрошувачите, а автомобилската индустрија веќе ги чувствува последиците од кризата. Првиот што реагираше беше групацијата Стелантис, објавија дека ќе мора да го префрли производството во други фабрики, а погодени беа и Volkswagen, Hyundai, Kia и Renault.

Конфликтот во Украина се одрази на производството пред се на германските производители, бидејќи неопходните компоненти кои досега пристигнаа од таа земја веќе ги нема. Така, сега Volkswagen, иако во почетокот континуирано го следи влијанието на конфликтот врз деловните вредности, одлучи да не прифаќа нарачки за одредени модели, а големо прашање е дали ќе може да испорача веќе нарачани автомобили оваа година.

Volkswagen престана да прима нарачки за plug-in хибридни автомоили до 10 март, и тоа за моделите: Golf, Tiguan, Passat, Arteon и Tuareg, наведувајќи ги како главни причини недостигот на чипови и проблеми со синџирот на снабдување поврзани со руско-украинскиот конфликт.

Одлуката беше донесена откако Volkswagen одлучи да го прекине производството во Русија и привремено да го прекине производството во неколку фабрики во Германија во последните две недели.

Главната фабрика на овој производител на автомобили во Волфсбург нема да работи од 14 до 18 март, се наведува во официјалното соопштение, а се додава дека до 18 март ќе го прекине производството и фабриката во Цвикау, која произведува електрични возила. Компанијата соопшти дека е погодено и производството на нејзините две фабрики, во Хановер и Дрезден, како и на две фабрики во Полска.

Извршниот директор на групацијата Фолксваген, Херберт Дис, предупреди дека конфликтот во Украина може да има поголеми последици за европскиот пазар отколку пандемијата на коронавирус.

„Нарушувањето на глобалните синџири на снабдување може да доведе до високи цени, недостиг на енергија и инфлација“, рече Диес, додавајќи дека Европа може да биде погодена од висока инфлација доколку продолжи конфликтот во Украина.

Украина и Русија со 200 милиони жители не се мали продажни пазари за европските автомобилски компании, дополнително тесните грла во снабдувањето со компоненти за производство и зголемувањето на цените на суровините создаваат проблеми за производителите на автомобили низ целиот континент.

Порше го стопира и производството на сите свои модели, пред се поради недостигот на кабли произведени во Украина. Audi мораше да ги паузира и производните линии, а тоа важи за две фабрики во Германија каде се склопуваат моделите А4, А5, А6 и А7.