„Зара“, на сопственикот Амансио Ортега, забележа загуба од над четири миилијарди долари и тоа за само еден ден. Вредноста на компанијатта на Ортега падна за 4,3 милијарди долари, откако беа објавени анализите кои покажуваат страв од забавување на продажбата на „Зара“ во текот на кварталот во кој обично се планирани годишните одмори.

Акциите на „Идитекс“, матичната компанија на „Зара“, забележаа пад од 7 отсто. Па така, нето-вредноста на компаниите на Ортега се намали на 68 милијарди долари.

Од Џи-пи Морган чејс оценуваат дека намалувањето на продажбата може да се поврзе и со се` поголемиот број на попусти, но и поради еврото. Инвеститорите се посебно загрижени за продажбата, откако ривалот Ејч енд Ем во четвртиот квартал забележа катастрофален пад на продажбата и најави затворање на повеќе продавници.