И покрај бројните ветувања, здравствените работници во Коњиц, БиХ се‘ уште немаат земено плати. 

Ова за Фена го потврдила и претседателката на подружницата на Струковиот синдикат на доктори на медицина и стоматологија на Здравствениот дом и Општата болница во Коњиц Азра Мушиновиќ, велејќи дека тие и понатаму се во штрајк, како и дека некои од лекарите веќе имаат закажани интервјуа за работа во други здравствени установи.

„Плата и понатаму нема. Се надевавме дека досега се ќе се реши, но повеќе немаме надеж. Четворица наши колеги, доктори по семејна медицна, веќе најавија дека имаат интервјуа за работа во други здравствени установи, така што тие најверојатно ќе го напуштат Здрвствениот дом во Коњиц. Мислам дека до крајот на месецот, поголемиот дел од нашите колеги ќе заминат на друго место, како што е и најавено, а за тоа на никој не му е грижа“, рекла Мушиновиќ.

Како што додала, за деблокада на сметките нема ни збор, ниту има некакви значајни информации, а менаџментот вели дека работи на тоа.

„Значи, има само некакви ветувања, а никакви значајни решенија“, рекла Мушиновиќ, наглсувајќи дека штрајкот ќе продолжи се додека не се исплатат платите и дека од тоа барање нема да се откажат.

Сметките на Општата болница и Здравствениот дом во Коњиц се блокирани поради даночен долг, па вработените не добиле плати од август. Во генерален штрајк стапиле на 26 ноември, а докторите од Здравствениот дом најавиле и откажувања на договорите за вработување доколку до 15 декември не им бидат пуштени платите.

Извор: Vjesti.ba