Ова е највисока стапка на инфлација измерена досега во земјава, откако во јуни беа пресметани 14,5 отсто. 

Ако се гледа колку изннесувала инфлацијата од почетокот на годинава, односно во првите седум месеци од 2022 во однос на првите седум месеци од 2021 година, таа е повторно двоцифрена, односно стапката изнесува 10,9 отсто. Но, тоа се должи на пониските стапки на инфлација во првите месеци на годинавба, кои станаа многу позагрижувачки откако изби војната во Украина. 

Табелите од државниот завод за статистика говорат дека најмногу поскапела храната и алкохолните пијалоци, односно за дури 23,6 отсто, што значи дека во јули се тие поскапи за близу една четвртина во однос на истиот месец лани. 

Уште подраматично е ако се гледа колку поскапеле маслата и мастите, дури 51,9 отсто, што значи дека за повеќе од половина имаме поскапување кај зејтинот, чија цена, како што знаеме, се вивна до облаците.

Лебот и житата во јули годинава во однос на јули претходната година, а тоа е за дури 36,5 отсто. За 23,5 отсто во овој јули има зголемување кај млекото, сирењето и јајцата.

Ако е за некаква утеха, помали се индексите на пораст на цените во однос на претходниот месец.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк