Конференцијата е организирана од Националната алијанса за локален економски развој -НАЛЕД, во својство на Регионален секретаријат на BFCSEE Mрежата (Business Friendly Certification in the South-East Europe) и Германската организација за меѓународна соработка (GIZ ORF), во соработка со партнерите од BFC SEE Мрежата, меѓу кои е и BFCSEE Националниот технички секретаријат на ЗЕЛС.

Целта на настанот е да се создаде култура на партнерство меѓу засегнатите страни за локален економски развој во регионот, да служи како организациски канал за партнерски иницијативи што ги вклучуваат субјектите носители на локалниот економски развој во регионот, да изгради капацитет на чинителите за поддршка на процеси на економски развој; да овозможи и поттикне размена на практики за економски развој во регионот преку идентификација на најперспективни пристапи, споделување искуства и најдобри пактики за активностите од домен на локален економски развој и да презентира информации за успех и/или неуспех во креирање и подржување барања за рефомири во регионот адресирани од јавноста и носителите на одлуки.

На Конференцијата се најавени над 250 учесници, вклучително и претставници на властите од национално и локално ниво, компании активни во регионот на Западен Балкан, граѓанскиот сектор, меѓународни финансиски институции, медиуми итн.

Конференцијата е фокусирана на зелени и дигитални транзиции и иновативно финансирање на локалниот развој во Западен Балкан, како и на примерите за најдобри практики што се применуваат во регионот во областа на иновации, дигитализација, циркуларна економија, недвижен имот, даночна политика и BFCSEE, соопшти ЗЕЛС.