Инфлацијата ќе продложи да расте, цената на енергенсите ќе се зголемува, можни се отпуштања на вработените. Ова се очекувањата и предизвиците на странските компании кои работат кај нас за следната година. Секоја 4 та смета дека ќе им биде неопходна државна помош за полесно да ја пребродат кризата, покажува анкетата на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство. Ако некогаш бевме лидер во регионот за водење бизнис, сега тоа место и припаѓа на соседна Србија.

Лошата инфаструктура, немањето канализација, пристапен пат и приклучок за вода се приоритетите на кои треба да работи локалната и централната власт. Странските инвеститори, кои вработуваат околу 30.000 лица и учествуваат со над 55% од вкупниот извоз, годинава бележат пад на приходите и намалено прозивдоство. Ова се должи на високата цена на енерегсите, намалените нарачки од странство и проблемот со одлив на работна сила.

Како пречки за водење бизнис, странските компании ги нотираат и бирократските процедури, не постапување на админстрацијата, честата промена на регулативите и владеењето на правото. Инаку овие 34 компаниии досега инвестирале околу милијарда ева, а само лани оствариле скоро 3 милијарди евра приход.