Протестираа оризопроизводителите од кочанско, бараат оризот да стане стратешка култура и да се откупува најмалку за 40 денари килограм арпа. Со трактори и друга механизација блокиран патот Штип – Кочани

Оризот да стане стратешка култура како што е тутунот и грозјето, побараа оризопроизводителите на денешниот протест во кочанско. Бараат да им се плати родот по цена која нема да биде под производната, што во моментот изнесува од 35 до 38 денари за килограм оризова арпа.

Проблем на оризопроизводителите е и недостигот на сертифициран семенски материјал.

Протестот на оризопроизводителите, кој беше изразен со сообраќајна блокада на пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште, го поддржаа земјоделци од цела држава. Најавија дека земјоделската механизација ќе остане на патиштата и во текот на утрешниот ден.

Славица Величковска